Свет

Турски воен товарен авион се урна во Грузија

11.11.2025 20:19

Турското министерство за одбрана потврди дека воздухопловот полетал од Азербејџан и се урнал на пат кон Турција...

Турски воен, товарен авион „Ц-130 Херкулес“ со 20 лица се урна во Грузија во близина на границата со Азербејџан. Нема преживеани, објавија властите во Анкара.

Турското министерство за одбрана потврди дека воздухопловот полетал од Азербејџан и се урнал на пат кон Турција. Се истражуваат причините за несреќата.