Украина, Арктикот и Блиски Исток во фокусот на Самитот на Г7
Канадската министерка за надворешни истакна дека средбата се одржува во време на трговски тензии со администрацијата на Трамп и внатрешни поделби во блокот. На самитот учествува и американскиот државен секретар Рубио, кој според Андан е многу конструктивен член на Г7...

Украина, Арктикот, мирот на Блискиот Исток, одбранбените трошоци, трговијата, енергетската соработка и критичните минерали-во фокусот на самитот на Г7 во Онтарио. Канадската министерка за надворешни истакна дека средбата се одржува во време на трговски тензии со администрацијата на Трамп и внатрешни поделби во блокот. На самитот учествува и американскиот државен секретар Рубио, кој според Андан е многу конструктивен член на Г7.
„Глобалниот мир и стабилност се на врвот на нашата агенда. Справувањето со глобалните предизвици бара глобални партнерства и затоа е апсолутно важно да имаме разновидна географска застапеност на масата“, изјави Анита Ананд, министерка за надворешни работи на Канада.
Високите дипломати ќе се сретнат со украинскиот министер за надворешни, додека поддршката за Украина расте. На фронтот борбите жестоки. Украинските единици се повлекле од пет населени места во Запорожје поради интензивирани руски напади-потврди Зеленски.
