Cotton Blues Festival

Четири вечери и девет концерти на шестиот Котон блуз фестивал во Скопје

12.11.2025 08:53

Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа...

Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа.

Во рамките на фестивалот ќе има три промоции на албуми и интересни македонски блуз проекти. Меѓу гостите се Hamilton Loomis, американски добитник на Греми, Norman Beaker, легенда на британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame, и Tony Holiday, кој ќе настапи со познати блуз класици и материјал од своите соло албуми. Фестивалот го отвора Иги Мен Квартет со специјален гостин Ади Имери.

Настапите ќе се одржат 21 до 27 ноември во Русти.