Венецуела

Масовна мобилизација на вооружени сили во Венецуела

12.11.2025 11:08

Каракас го гледа тоа како закана и обид за промена на режимот, додека САД велат дека операцијата е насочена против трговијата со дрога...

Венецуела мобилизираше вооружени сили поради присуството на американскиот носач „Џералд Р. Форд“ во Карипско Море. Каракас го гледа тоа како закана и обид за промена на режимот, додека САД велат дека операцијата е насочена против трговијата со дрога.

„Немало, ниту ќе има пауза, ќе продолжиме во нашата решеност да се подготвиме да ја браниме нашата татковина во сите области, каква и да е заканата, нејзиниот интензитет и размер. Ги разгледуваме сите сценарија“, изјави Падрино Лопез, министер за одбрана на Венецуела.

Во исто време, Велика Британија прекина дел од размената на разузнавачки информации со САД поради сомнежи во легалноста на американските напади.