Врвни филмски остварувања на „Браќа Манаки“

02.09.2014 15:28

Од 13-ти до 19-ти овој месец ќе се одржи 35-тото издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Годинашнава програма е со врвни остварувања и со филмови наградувани на реномираните светски фестивали.

На 35. издание на „Браќа Манаки“ во осум, програмски катергории ќе бидат прикажани 76 филмови од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учестува и Македонија. Филмовите на македонскиот режисер Столе Попов, „До балчак“ и „Деца на сонцето“ ќе ја имаат својата македонска премиера на овој реномираниот интернационален филмски фестивал. „До балчак“ ќе биде прикажан на 14 септември, еден ден по свеченото отворање на Фестивалот, а социјалната драма на Дарко Митриќески ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19 септември. Со ова продолжува традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола.

Од организацискиот одбор на „Браќа Манаки“ уште не го соопштија филмот со кој ќе се отвори фестивалот. Таа информација ќе биде соопштена на 9 септември, кога ќе се знае кој е специјалниот гостин на еден од најстарите фестивали за филмска камера во светот.

Годинешниот јубилеј на фестивалот ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ е Англичанецот Крис Менџис.

Во трка во гланата програма се 11 наградувани филма, натпреварувачката програма  има 9 филма.

Милчо Манчевски, македонскиот најуспешен режисер е добитник на наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“ која ја доделува Друштвото на филмски професионалци на Македонија.