Свет

Се урна турски воен авион во Грузија, нема преживеани

12.11.2025 11:50

Дваесет турски војници и членови на екипажот загинаа кога воениот авион c-130 се урна во Грузија, близу азербејџанската граница...

Дваесет турски војници и членови на екипажот загинаа кога воениот авион c-130 се урна во Грузија, близу азербејџанската граница.

Авионот полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога исчезнал од радарот, неколку минути по влегувањето во грузискиот воздушен простор. причината за несреќата сè уште се истражува, турски тим врши увид на местото.

Азербејџан и Грузија изразија сочувство.