Кривичен суд

Рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југослав Николовски

12.11.2025 13:00

Во Кривичниот суд завршни зборови за случајот со смртоносното прегазување на скопјанецот Југослав Николовски. На обвинителна клупа мотоциклистот кој го усмрти на пешачки премин во Паркот на франкофонијата...

Во Кривичниот суд завршни зборови за случајот со смртоносното прегазување на скопјанецот Југослав Николовски. На обвинителна клупа мотоциклистот кој го усмрти на пешачки премин во паркот на франкофонијата.

Се сомничи за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, но и неукажување помош на повредениот. На последното рочиште, обвинетиот призна вина за прегазувањето на пешакот Југослав Николовски, но не и за тоа дека не му укажал помош. Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи.

Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Повреден бил и сопатникот на мотоциклистот.