Македонија

Научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“

12.11.2025 17:42

Јазичните модели на вештачката интелигенција помагаат во развојот на македонскиот јазик, но треба да се најде стратегија соодветно да се применуваат за да не дојде до злоупотреби со погрешно дефинирани говорни звуци и структура – велат лингвистите. Предупредуваат и на влијанието на социјалните мрежи и странски изрази…

Сè додека се зборува, македонскиот јазик ќе постои. Вештачката интелигенција не може да ги замени луѓето коишто го зборуваат, велат македонистите.

Интересот на младите за изучување на македонскиот јазик е мал, оти сите сметат дека е мајчин јазик и добро го владеат. Влијание имаат и социјалните мрежи со англискиот јазик, но родителите мора да ги насочат децата да го зборуваат македонскиот јазик, оценува директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Во Полска има интерес за изучување на македонскиот јазик, но потребно е Македонија да ги стимулира студентите за негово изучување, оценува полскиот македонист Кавка.

На 10-тата Меѓународна конференција „Македонски јазик-извор на научни истражувања“ учествуваат македонисти од САД, Кина и Европа.

Оваа година се обележуваат 80 години од македонската азбука и правопис и 10 години Отворени денови на Институтот за македонски јазик.

Ирина Гелевска