Белград

Стоилковиќ во Белград на средба со српската министерка за економија, Месаровиќ

12.11.2025 14:25

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. Се разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка...

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ, на која разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2-ри и 3-ти декември.

Во првите девет месеци стопанската размена на двете држави има пораст за 17 отсто и изнесува една милијарда и 150 и се очекува овој тренд да продолжи до милијарда и половина, изјави Стоилковиќ.

Тој во Белград говореше и на конференцијата „Western Balkans 2030-та“, во организација на Европската инвестициска банка.

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ