Случај „Пулс“

На 19 ноември почнува судењето за пожарот „Пулс“ - 15 обвинители ќе го застапуваат предметот

12.11.2025 17:01

Под силно полициско обезбедување, со лекарски екипи, во присуство на 38 обвинети, над 200 оштетени, нивните адвокати, обвинителите и Судечкиот совет, идната среда почнува најголемото и најкомплексно судење во историјата на државата – пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“. Проширен е обвинителскиот тим за да не се дозволи да се одложуваат рочиштата...

Под силно полициско обезбедување, со лекарски екипи, во присуство на 38 обвинети, над 200 оштетени, нивните адвокати, обвинителите и Судечкиот совет, идната среда почнува најголемото и најкомплексно судење во историјата на државата – пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“.

На брифинг со новинарите правосудните органи во судницата Идризово тврдат дека ќе обезбедат фер, правична и транспарентна постапка за сите вклучени. Претседателката на Кривичниот Суд, Димовска, со апел до медиумите, кои ќе бидат очите и ушите на јавноста – да не се водат од сензационалност, туку од почит и достоинство, особено кон жртвите и нивните семејства.

Проширен е обвинителскиот тим за да не се дозволи да се одложуваат рочиштата, информираше јавниот обвинител Коцевски, посочувајќи дека доказниот материја е обемен, но и тој гарантира ефикасна и фер постапка.

И до Адвокатската комора повик за дисциплина и професионалност и од страна на адвокатите. Судот ќе ги проверува и лекарите што ќе издаваат боледување за странките во постапката.

Во кочанската дискотека на 16-ти март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во пресрет на почетокот на судското рочиште, семејствата на жртвите најавија протест во Скопје кој ќе се одржи во сабота.

Викторија Милевска