Економија

Добрата инфраструктура носи повеќе туристи и пари за државата

12.11.2025 18:32

До крајот на годинава ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид. Интензивно се работи на терен - вели министерот Николовски. Во фокусот градежните активности на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија...

Македонија има огромен потенцијал за развој на туризмот, недостигаат добри хотели, се бара поедноставување на постапката за нивна изградба за да се привлечат инвеститори со акцент на заштитените подрачја, вели вицепремиерот Николоски.

Целта е да се задржат туристите кои поминуваат низ Коридорот 10, кон Грција. Меѓу проектите е и брзата пруга кон Солун, винскиот туризам и археолошките локалитети. За да се реализира потенцијалот, потребно е да се размислува пошироко – велат од Култура.

Паралелно, се градат и автопатските делници Охрид-Кичево, Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Најново е експресниот пат Крива Паланка до Бугарија.

Се градат автопатишта, се работи и на железничката, а со тоа живее економијата во Македонија.

До крајот на годинава се очекува да се пуштат нови 18 километри од автопатот Кичево-Охрид, а ќе биде пуштен во употреба до крајот на следната година.

 

Борис Грујоски