Крај на најдолгата блокада на Владата на САД
Претставничкиот дом на САД усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата во земјата...

Претставничкиот дом на САД усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата во земјата. Мерката беше потпишана веднаш од претседателот Трамп по историскиот 43-дневен прекин на финансирањето, во кој федералните работници останаа без плати, патниците беа заглавени на аеродромите, а граѓаните останаа без средства за социјална заштита.
„Само сакам да ви кажам, земјата никогаш не била во подобра состојба. Поминавме низ оваа краткорочна катастрофа со демократите затоа што мислеа дека ќе биде добро политички, и сега е чест да го потпишеме овој неверојатен закон и повторно да ја вратиме нашата земја во функција“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Претседателот на Претставничкиот дом, Џонсон, изјави дека демократите го користеле американскиот народ како заложник во политичката игра.
„Постои причина зошто демократите се во хаос во моментов. Постои причина зошто немаат идентификуван лидер на нивната партија. Тие немаат платформа, принцип што можат да го бранат. Тие немаат лидер, освен Мамдани, кој е новиот градоначалник на Њујорк и ја води партијата кон марксизам и социјализам“, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД.
Не е јасно дали партиите ќе најдат заедничка основа за здравствената заштита пред гласањето во Сенатот во декември.
