САД: Нуклеарните тестови - чекор со другите земји
Државниот секретар на САД, вели дека повикот на Трамп за продолжување на нуклеарните тестирања е соодветен со оглед на тековните акции од страна на американските противници. Рубио рече дека планот на шефот на Белата Куќа вклучува тестирање на системи за испорака, технологии што се користат за лансирање нуклеарно оружје од копно, воздух и море.

„Ветувањето на Трамп да продолжи со тестирањето на нашите нуклеарни капацитети, што вклучува и системи за испорака, е на исто ниво со она што го прават другите земји низ целиот свет. Мислам дека Кинезите преземаат најбрзо воено засилување во човечката историја. И дел од тоа е нивното проширување на нивните нуклеарни капацитети. Ние го следиме тоа и мислам дека сите се загрижени“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Трамп изминатиот месец повика на продолжување на нуклеарните тестирања, но не понуди детали. Министерот за енергетика Крис Рајт подоцна рече дека тестирањето нема да вклучува нуклеарни експлозии.