Рекордна излезеност на парламентарните избори во Ирак
Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани во победничкиот говор, истакна дека Ирачаните го избрале патот на реформи и обнова...

Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани во победничкиот говор, истакна дека Ирачаните го избрале патот на реформи и обнова. На парламентарните избори со рекордна излезност од над 55 насто и максимални безбедносни мерки, сепак ниту еден блок не обезбеди мнозинство.
„Гарантираме дека претстојната фаза ќе вклучува преговори градени врз инклузивен и одговорен национален дух, кои ќе имаат за цел формирање на нова, компетентна влада способна да спроведува програми и обврски. Продолжувањето со обезбедување услуги и заштитата на високите интереси на земјата бара јасност и храброст при донесувањето одлуки“, изјави Мохамед Шиа ал-Судани, премиер на Ирак.
Изборите се одржаа во момент кога САД го зголемуваат притисокот врз владата во Багдад да го ограничи влијанието на вооружените групи поврзани со Иран, од кои некои имаа и свои кандидати на изборите.
