Во сенка на војната украинските деца се вратија на училиште
Малку училишта можеа да ги отворат вратите на првиот ден од новата учебна година, додека војната беснее на истокот од Украина. Во Мариопољ луѓето се обидоа да го сменат мрачното секојдневие. Деца облечени во униформи со везени кошули, со традиционално врзан предмет на облеката и секако цвеќе за наставниците подготвени за првото ѕвонче.
„Дали сум исплашена за сопствената безбедност и безбедноста на учениците? Секако дека сум, но јас сум наставник и не смеам тоа да го покажам“, вели Татјана Гусина, наставничка.

„Ова е навистина страшно што ни се случува и ние се двоумиме дали да останеме или да си заминеме“, вели мајка на прваче.
И премиерот Јацењук ја однесе ќерката на првиот училишен ден.
„Церемонијата на први септември не се одржа во сите училишта. Но ние се бориме за мирно небо. Да создадеме услови за школување на сите деца“, рече Арсениј Јацењук премиер на Украина.
Војната го зема данокот, продавниците се речиси празни. Луѓето продаваат на улиците се што имаат од дома, живеат во страв за својата егзистенција.
„Дома чувам тестенини, конзерви и сол, се што може да ми се најде во итен случај“, вели еден жител.
Доколку продолжи жестоката размена на оган меѓу бунтовниците и сили за безбедност во делови од источна Украина, се стравува дека учебната година воопшто нема ни да започне.
Марија Петковска