Јокиќ постигна 55 поени во триумфот на Денвер против Клиперс
Денвер Нагетс на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 130:116...
Денвер Нагетс на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции.
Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции.
Денвер го доби својот деветти натпревар во сезоната, губејќи само два, и се наоѓа на 2 место на табелата во Западната конференција на НБА-лигата. Лидер е тимот на Оклахома Сити со биланс 12-1. Клиперси, со три победи и осум порази, се на 12 место.
Во Источната конференција води Детроит со 10-2 (победи-порази), пред Кливленд со 8-4.
Фото: Denver Nuggets/ Facebook
