Македонија

Ѓорѓиевски се сретна со претставници за Градскиот одбор на Сојузот на борците, по повод 13 Ноември

13.11.2025 10:56

На средбата, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, изразил благодарност за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои ги положија своите животи за слободно Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, утрово  одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, изразил благодарност за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои ги положија своите животи за слободно Скопје.

На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.

Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.  Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември! Слава на борците за слободно Скопје – напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.