Кривична пријава против поранешни функционери и службеници од Сарај и Град Скопје
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против осум лица, поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и против еден надзорен инженер. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги.
Според Управата, осомничените изготвиле и одобриле документи со невистинита содржина за градежна парцела во Сарај, иако за неа не постоел детален урбанистички план. Надзорниот инженер, пак, извршил технички преглед и подготвил завршен извештај со неточни податоци.
Со ваквите дејствија, на фирмата „Азра Идриз“ ДООЕЛ од Глумово ѝ била овозможена противправна имотна корист во износ од околу 108,6 милиони денари, соопшти Финансиската полиција.
