Туроператори за авантурстички туризам и светски новинари во Пелагонија и Трескавец
Од Охрид и Преспа, 20-те туроператори за авантуристички туризам и светски новинари од списанија се преселија во Пелагонија и на Трескавец. Болдеринг, параглајдество, богата историја и пријателски луѓе нуди Македонија. Ефектите може да се видат веќе за една година.

Мистерија, историја,авантура, фасцинантна природа. 20 те туроператори на авантуристички туризам од Северна Америка, Европа и Австралија ја продолжија истражувачката авантура на Македонија. Пелагонија и Трескавец се неповторливи предизвици.
„Сигурно, за манастирот може да се напише нешто повеќе. Исто така, би сакал да ја видам најголемата перница на светот. Но, секако, во оваа област има, дефинитивно, доволно убавина“, вели Кејт Белоус, од „Национална географија“.
Болдерингот, параглајдерството, внимателно треба да се освојуваат во околината на Прилеп.
Доволно е засега да се обележат патеките, да се стават знаци, вели Клаус Штајнер, Виена, Австрија
„Токму затоа денеска сме во Трескавец, едно култно, мистично место. Имаме приказна, манастир, историја. Имаме прекрасни карпи за планинарење, патеки и место од каде може да се лета со параглајдер“, вели Мирјана Македонска од УСАИД.
Туристите бараат нови авантури. Македонската и пелагониската приказна се возбудливи.
„Секаде каде и да одиме има слоеви и слоеви историја. Мислиме дека тоа е многу важно за овој тип на туризам. Приказната би ја почнал дека ова е една од најпријателските дестинации во кои сум патувал последните години. Особено се фасцинирани од природата, убавината, од луѓето, најмногу од се. И сите, без исклучок, планираат да прават некаков бизнис во Македонија“, вели Крис Дојл, АТА.
Прилеп има што да понуди.
„Пред се, преубавиот Трескавец кој ги фасцинира и неговата околина како и другите цркви и манастири“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Проектот на УСАИД за мали бизниси ги донесе туроператорите, а Македонија вложува големи напори за себепромовирање.
„За прв пат имаме познати купувачи. Ги препознаа убавините и македонија како атрактивна туристичка дестинација“, вели Кристијан Џамбазоски, Агенција за промоција на туризмот во Македонија.
Ефектите од промоцијата на Македонија како нова голема авантура за туристите може да стигнат веќе за една година.
Елизабета Митреска
