Четврт финале со сензационален призвук
Изненадувачки резултати е обележјето на ¼ финалната рунда од Светското првенство за ракометарки во Србија.Во битката за медалите продолжуваат Данска,Бразил, Полска и Србија. Елиминирани се Норвешка, Франција,Унгарија и Германија! Светската ракометна карта се менува.

Полска направи изненадување од прв ред по победата над Франција со 22:21! Тоа е репрезентација која никогаш во историјата на светските првенства не стигнала толку високо, до влез во борба за освојување медал. Бразил навести во прелиминарниот, големиот резултатски подем го потврди во ¼ финалето. Во драматичен меч со продолженија, Бразилките славеа со 33:31 над Унгарија, откако по 60 минути беше нерешено 26:26. Данска, по резултатски „неуверливиот“ старт на првенството, фуриозно обезбеди билет за медал завршницата елиминирајќи ја Германија со 31:28. Србија надмина висока бариера во дуелот со Норвешка, селекцијата која неприкосновено владее на ракометното небо. Србинките славеа со 28:25.
Во полуфиналето во Белград утре ќе играат Бразил- Данска и Србија- Полска.