Економија

Дурмиши: Растот на платите и пензиите ќе продолжи и во 2026, се очекува раст и на минималната плата

13.11.2025 17:37

Економски раст од 3,8% и стабилизирање на инфлацијата в година, односно пад на 2,2% очекуваат од Владата. Се подготвува Законот за финансиска поддршка на компаниите. Се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиската поддршка на инвестициите на деловните субјекти. Целта е поттикнување на економскиот раст и развој во државата …

Економски раст од 3,8% и стабилизирање на инфлацијата в година, односно пад на 2,2% очекуваат од Владата. Според министерот за економија, растот на платите и пензиите ќе продолжи и во 2026, а се очекува и раст на минималната плата. Министерот рече дека цените се стабилизираат, но не може да се влијае на одредени производи зашто доаѓаат од странство. Паралелно, се подготвува Законот за финансиска поддршка на компаниите. Целта е поттикнување на економскиот раст и развој во државата.

Откако Законот ќе стапи во сила, ќе се уредуваат видовите, износот, условите, начинот и постапката за доделување на парите за инвестициите кон деловните субјекти.

Од Економија рекоа и дека се очекува и нов состанок на ЕЕС кон крајот на месецов, што претставува сигнал за постепено заздравување и стабилизирање на економските текови.

 

Борис Грујоски