Одбележување

Скопје одбележува 81 години од ослободувањето

13.11.2025 17:22

Оддавање почит и признанија – со низа настани се одбележува 13 Ноември. 81 година од ослободувањето на Скопје. Овој ден е жива приказна за отпорот, храброста и љубовта кон градот – порача новиот скопски градоначалник. Вечер во Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалното доделување на 13-то ноемвриските награди.

Скопје ја живее слободата. Се сеќава на жртвите на оние коишто го положиле животот за денеска градот да се развива во метропола.

81 година сеќавања на хероите што се бореа за идеја, за достоинство, за Скопје што го имаме денес.

Почит и достоинствено сеќавање на оние кои ги изгубија своите блиски за во наследство да ја остават слободата за идните генерации.

Среќен роденден Скопје, расти со нас во иднина – порачаа најмладите со креативната визија за градот в рака.

Градот што го наследивме со борба, гордо да го оставиме на идините генерации – порача градскиот татко.

На Денот на ослободувањето на Скопје свежо цвеќе со почит и сеќавање пред споменикот „Ослободители на Скопје“ положија низа делегации.

Ана Јосифоска