Дигитализацијата носи нова ера на пазарот на труд
Дигитализацијата носи нова ера на пазарот на труд. Вештачката интелигенција не претставува закана за програмерите, може да ја подобри нивната ефикасност, велат од научната фела. Работодавачите со апел – треба будно да се следат потребите од работната сила во секторите – туризам, земјоделството, градежништво...

Информатичари, здравствени, просветни и градежни работници, угостители, занаетчии се едни од најбараните професии во земјава. Современиот и динамичен развој на општеството ја наметнува потребата од зголемена побарувачка на пазарот на труд и од стручни лица од областа на дигиталниот маркетинг и енергетиката, според податоците на Агенцијата за вработување.
Вештачката интелигенција не претставува закана за програмерите, може само да ја подобри нивната ефикасност, тврди професорот Чорбев. Отпуштањата во ИТ-секторот глобално се резултат на геополитичките состојби од кои повеќе или помалку ги чувствуваат сите области.
Во време кога се најавуваат капитални инфраструктурни проекти за реализација, клучен е и човечкиот капитал кој недостига – велат работодавачите.
Македонија треба будно да ги следи потребите од работната сила и да се фокусира на туризмот, земјоделството, градежништвото, апелираат работодавачите.
Александра Велинова
