Здравство

Расте бројот на заболени од грип

13.11.2025 19:05

За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.

Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.

Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст.

Грипот сè уште не е лабораториски потврден во земјава. Иако, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, сепак останува на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината.

Надлежните со препорака до населението да се имунизира против сезонски грип, особено хронично болните, бидејќи тоа е најефикасна заштита.