БИ-БИ-СИ му се извини на Трамп, но го отфрли барањето за отштета
Трамп претходно најави тужба-бараше извинување, повлекување на документарецот и прикладен надомест.

БИ-БИ-СИ му се извини на американскиот претседател за документарецот „Панорама“, во кој беа монтирани делови од неговиот говор пред нападот на Капитол Хил, но го отфрли барањето за отштета од една милијарда долари.
Трамп претходно најави тужба-бараше извинување, повлекување на документарецот и прикладен надомест.
Претседателот на БИ-БИ-СИ, Самир Шах, се извини и призна дека монтажата оставила „впечаток на повик за насилство“. Генералниот директор, Тим Дејви, рече дека организацијата минува низ „тешки времиња“, но дека предизвиците ќе бидат надминати, откако тој и раководителката на вестите поднесоа оставки.
„Прифаќаме дека нашата монтажа ненамерно создала впечаток дека прикажуваме еден континуиран дел од говорот, наместо извадоци од различни делови од говорот и ова оставило погрешен впечаток дека претседателот Трамп директно повикал на насилни дејствија“, соопштија од БИ-БИ-СИ.
