Соочување пред судот: Заев ретерира, Груевски ја намали сумата за отштета за 10 пати
Груевски и Заев се соочија на суд. Премиерот изјави дека лидерот на СДСМ на денешното рочиште по сведочењето на Јовица Стефановиќ – Нини се обидувал да го преформулира своето обвинување дека тоа било само исказ, а не клевета. Првиот човек на опозициската партија вели дека нема намера да се извини...
Откако вчера главниот сведок на СДСМ ги отфрли како невистини обвунувањата што на сметка на премиерот Груевски меѓу двата изборни круга ги изнесе опозцискиот лидер, денеска ретерираше и самиот Заев. Не тврдел дека Груевски земал мито за продажба на акциите од Македонска банка туку поставувал прашања. Во својот исказ пред судот Заев рече дека ако тврдењето завршува со точка, а следната реченица е во прашална форма тоа било доказ дека искажува сомненија.
„Соочен со тоа дека нема такви докази, а на судот не може со говор или прес конференции да му докажете, туку треба да изнесете докази, соочен со тоа што сведокот кој тој го повика и за кој јавно кажа дека ми ги дал тие 1,5 милиони евра, вчера тоа го демантираше овде во судницата. Сега како последна надеж за спас се обидува да го преформулира своето обвинување, односно клевета, дека тоа било исказ на основано сомнение, а не било категорично клеветење и тврдење за тоа што го кажа дека јас сум го направил“, изјави премиерот Груевски.
За да докаже дека нама намера да заработи, туку да се обелодени вистината, Груевски за десет пати ја намали сумата што за клевета ја бара од Заев. Од половина милион, на 50 илјади евра. Рече дека му е нанесена огромна и не надоместлива штета, енормно тешка клевета со зла намера трајно да се уништи мојата чест и углед пред граѓаните на државата и колегите политичари од светот и тоа меѓу два изборни круга. Како политичар имам висок праг на толеранција, рече Груевски и отпорен сум на издржани критики, но не можам да преминам преку конструкции на невистини, со кои другата страна водена исклучиво од личната корист и интерес сака да ми наштети, рече премиерот.
Претседателот на СДСМ рече дека нема намера да се извини.
„Во целиот овој процес треба да се утврди дали тужителот договарал, дали е тоа неговиот глас и дали учествувал во продажбата на Македонска банка. По пат на тужба тој бара отштетно побарување до мене, заради нанесена штета на уголедот“, изјави Заев.
Предложениот сведок од Заев, во јавноста познат како газда Нини, а посочен како еден од трете гласа на снимката, вчера ги отфрли сите обвинувања против Груевски. Рече дека претседателот на Владата лично не го познава и со него или со друг близок до него никогаш не разговарал, ниту договарал продажба. Ваквиот развој на судскиот процес по сведочењето на Нини, за дел од експертската јавност е очекувана.
Некои правни експерти вчера објаснија дека Заев бил доводен во незавидна ситуација со измислени конструкции да води политичка хајка и поради тоа сега морал да ретерира.
Анита Димитријевска