Руски напад врз Киев, едно лице загина
Властите со повик до жителите да останат во засолништа сè додека не се укине тревогата за воздушниот напад...

Едно лице загина, а над 20 се ранети во руски напад врз Киев и киевскиот регион во текот на ноќта. Противвоздушната одбрана дејствувала во неколку наврати, откако претходно беше воведена воздушна тревога низ цела Украина.
Властите предупредија на можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Нападот доаѓа откако Европската унија оваа недела предупреди дека Украина мора да продолжи со сузбивање на корупцијата по големиот скандал со мито што ги стави под лупа највисоките претставници од нуклеарната енергетика.
Но, исто така дадоа и гаранции дека помошта ќе продолжи да пристигнува додека Киев се обидува да ја спречи руската инвазија.
