Собрание

Предлог-буџетот за 2026 пред пратениците

14.11.2025 08:13

Во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за Предлог-државната каса за идната година. Ќе тежи 6,73 милијарди евра. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на скоро 414 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари...

Во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за Предлог-државната каса за идната година. Ќе тежи 6,73 милијарди евра. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на скоро 414 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2 ипол, а буџетскиот дефицит на 3,5 насто од БДП.

Од Владата велат дека Буџетот претставува реално планирање, засновано на досегашните резултати, односно буџет кој ќе обезбеди континуиран економски раст, капитални инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Опозицијата не се сложува со ваквите констатации на власта.

Предлог-буџетот за 2026 е признание за економската неспособност на владата, велат од СДСМ. Опозицијата има поднесено речиси 200 амандмани. Според најавите од спикерот Гаши, пленарната седница се очекува на 9-ти декември.