ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување одбележува 25 години работа

14.11.2025 08:34

Ќе бидат презентирани клучните успеси, реформи и резултати постигнати во изминатите 25 години...

Фондот за здравствено осигурување денеска ќе одбележи 25 години од осамостојувањето и континуираното работење.

Како што е најавено, на настанот ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски и претставници од раководството на Фондот. Ќе бидат презентирани клучните успеси, реформи и резултати постигнати во изминатите 25 години.

Свеченоста ќе се одржи во Националната филхармонија.