Македонија

Министерот за здравство и членовите на интерната комисија ќе ги презентираат наодите за спорните кардиолошки интервенции

14.11.2025 08:45

Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кадев во интервју изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции само за профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.

Во Владата денеска е закажана прес-конференција на која ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу и членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции.

Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кадев во интервју изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции само за профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.

На 4-ти ноември министерот за здравство информираше дека од пристигнатите околу 25 претставки, останати за разгледување се уште седум.