Фекални бактерии пронајдени во сендвичарницата во Драчево
Бактериите биле изолирани во кечапот помфритот, плескавицата и во свинскиот врат. Бактерија од фекално потекло е најдена и на работна површина, но не и на рацете на вработените...

Фекални бактерии откриеле здравствените служби во мострите земени од сендвичарата во Драчево. Бактериите биле изолирани во кечапот помфритот, плескавицата и во свинскиот врат. Бактерија од фекално потекло е најдена и на работна површина, но не и на рацете на вработените.
„Во еден од брисевите се изолирани колифорни бактерии кои исто така се индикатори на фекално загадување. Испироците од раце на вработените лица се во ред, микробиолошки се негативни и во храните, освен во една, се пронајдени бактерии индикатори на фекално загадување“, велат од Клиниката за инфективни болести.
Драчевчани особено оние помладите уплашени дека повторно може да се случи труење со храна. Велат последниве денови не јадат сендвичи.
„Не јадам сега, особено после труењето... Не ми се вкусни, ги избегнувам“, велат случајно анкетираните Драчевчани.
Салмонелата која затру 50 луѓе од кои 12 завршија на Клиниката за инфективни болести веќе се во стабилна состојба.
Сендвичарницата во Драчево веќе е затворена од инспекциските служби. Според информациите за две години ова е нејзино трето затворање поради откриени бактерии во храната.
Доколку некој угостителски објект е затворен три пати поради нехиена, на сопственикот може да му се одземе дозволата за работа.
Миле А. Ристески
