Претераниот внес на витамин Ц може да предизвика здравствени проблеми
Најчестите симптоми од прекумерно земање витамин Ц се гастроинтестинални проблеми – дијареја, гадење и болки во стомакот. Ризикот расте кога се земаат повеќе од 2.000 мг дневно, особено преку додатоци, бидејќи телото не складира витамин Ц и го исфрла вишокот преку урината.

Витаминот Ц е неопходен за здрав имунолошки систем, заздравување рани, здрави коски и правилно функционирање на мозокот. Најчесто се внесува преку овошје и зеленчук, но сè почесто се користи и како додаток во исхраната. Стручњаците предупредуваат дека претераниот внес може да предизвика несакани ефекти.
Најчестите симптоми од прекумерно земање витамин Ц се гастроинтестинални проблеми – дијареја, гадење и болки во стомакот. Ризикот расте кога се земаат повеќе од 2.000 мг дневно, особено преку додатоци, бидејќи телото не складира витамин Ц и го исфрла вишокот преку урината.
Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, што е корисно за многумина, но може да биде опасно за лица со хемохроматоза и други состојби кои предизвикуваат натрупување железо. Во такви случаи, високи дози витамин Ц може да доведат до оштетување на органите, меѓу кои срцето, црниот дроб и панкреасот.
Премногу витамин Ц во организмот може да го зголеми и ризикот од камен во бубрезите, иако ова е ретка појава кај здрави луѓе. Преголеми количини тешко може да се внесат преку храна – би требало да се изедат околу 25 портокали или 14 црвени пиперки за да се надмине препорачаната дневна доза.
Стручњаците советуваат додатоците на витамин Ц да не надминуваат 100% од дневните потреби. Препорачаниот внес е околу 60 мг, а максималниот дозволен во текот на денот е 350 мг. Според Националните институти за здравје на САД, жените треба да внесуваат 75 мг дневно, а мажите 90 мг.
