МВР
Претрес во Тетово, пронајдена марихуана, лишена од слобода албанска државјанка
14.11.2025 11:31
Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово, информираат од МВР...

Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово, информираат од МВР.
При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
