Македонија

Ребалансот на буџетот на седница на Советот на Град Скопје

14.11.2025 10:58

Според најавите, се очекува да бидат обезбедени средства за системот БРТ, но и како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски и за украсување на метрополата за новата година.

На седница на новоизбраниот Совет на Град Скопје, ребаланс на буџетот за годинава. Според најавите, се очекува да бидат обезбедени средства за системот БРТ, но и како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски и за украсување на метрополата за новата година.

Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, ниту пак за новогодишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на новата година, вели скопскиот градоначалник.

Од советничката група на СДСМ велат дека ќе настапат рационално и одговорно и ќе го поддржат ребалансот. Тоа не е согласување со политиките на градската власт, туку од потребата да се обезбеди непречено функционирање на јавните претпријатија и да се заштитат граѓаните и вработените.

Буџетот за Град Скопје за годинава тежи 107 милиони евра.