Стразбур

Европскиот суд за човекови права ги усвои тужбите на разрешените македонски судии

14.11.2025 11:10

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии кои беа разрешени од Судскиот совет поради нестручно вршење на функцијата...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии кои беа разрешени од Судскиот совет поради нестручно вршење на функцијата.

Судот минатиот месец одлучил дека на судиите Стојанче Рибарев, Сузана Здравева и Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Рибарев беше разрешен бидејќи како в.д. претседател на скопска единица во 2017-та исклучил петмина судии од АКМИС системот за да не добијат во работа предмети што ги отвори поранешното СЈО.

Судијката Здравева беше пријавена дека судела во предмет каде адвокатката канцеларија во која работел нејзиниот син била странка во постапката, додека судијката Илиевска беше разрешена затоа што Советот процени оти направила крупни грешки при одлучување за договор за доживотна издршка.

Сега Судскиот совет треба повторно да ги разгледа овие разрешувања.