Земјоделство

Валандовчани повторно се враќаат на одгледување калинка – површините зголемени

14.11.2025 17:01

Валандовчани повторно се враќаат на одгледување калинка. За поголеми површини и приноси бараат изградба на системи за наводнување. Сметаат дека со соодветна стратегија Валандово може да стане балкански центар на производство на сокови од калинка. Ване Трајков...

По налетот за подигање насади со јапонска јаболка, валандовчани повторно се вратија на одгледување калинка. Последниве три години значително се зголемени површините и покрај се поизразените климатски промени. Марин Ѓорѓовски со трактор ги носеше калинките со послаб квалитет во локалната фабрика за сок. За него цената солидна но не се задоволни од годинашниве приноси.

Во Валандово привршува бербата на калинките. И Бранко Стојанов има 15 декари вели дека се зголемуваат површините со оваа овошје но потребен е систем за наводнување за поголеми приноси. Тврди дека валандовската е идеална за преработка и производство на сокови наспроти турските садници.

Во овој дел од државата нема домаќинство што не произведува сок од калинки. Своето производство го изложија на првиот локален фестивал кој треба да биде дополнителна мотивација за зголемување на површините

Ване Трајков