Земјоделство

Прилепскиот Tутунски комбинат во вторник го почнува откупот на тутунот

14.11.2025 19:32

Прилепскиот тутунски комбинат меѓу првите во вторник го почнува откупот на тутунот. Ќе преземе 2.300 тони квалитетен род. Цените се зголемени за пет проценти, а од комбинатот велат дека ги надминале оперативните загуби...

Во вторник, на 18-ти ноември прилепскиот Tутунски комбинат ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава. Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа два пати неделно. Цените по класи се зголемени за пет проценти.

Се очекува да се купи реколта со висок квалитет.

Со стратешкиот партнер „Филип Морис“, комбинатот 11 години соработува и го очекува договорот на нова 10-годишна соработка.

Законски, откупот почнува на 15-ти ноември и трае до крајот на февруари. Реколтата треба да ја купат 10 откупни компании.

Елизабета Митреска