Апелациски суд: Две години затвор за Бучковски

02.09.2014 17:38

Поранешните први луѓе на одбраната се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра...

Две години затвор за Владо Бучковски. Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда со која поранешниот министер за одбрана беше осуден на три години затвор.

Поранешниот началник на генералштабот Методи Стамболиски со второстепена пресуда е казнет со две години затвор, а исто толку доби и обвинетиот Митре Петковски. На Нелко Менкиновски и Ацо Гурчевски судот им изрече условни казни во траење од една година.

Поранешните први луѓе на одбраната се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра. Се товарат дека набавиле четири пати повеќе од потребните резервни делови за тенковите.

 

Анита Димитријевска