Заштита на мозаиците во јавните објекти во Стоби
Карактеристика на јавните објекти од локалитетот Стоби, од тоа што досега е откриено, е што имаат прекрасни мозаици. Тие од Епископската базилика се одамна познати, летово се работеше на Градбата со Арки и на Теодосијанската палата. Нивните мозаици се конзервираа овој период од годината...

Завршени се истражувањата на Градбата со Арки во локалитетот Стоби, репрезентативен објект со богато украсена сала, која потекнува од 2 век. Откриено е дека ѕидовите биле декорирани со мермер во различни бои, кои потекнуваат од Македонија, Тесалија и Мала Азија. Станува збор за импресивна градба чија декорација археолозите ја проценуваат дека тежела околу 4 тони
Оваа година се работеше и на Теодосијанската палата, уште еден репрезентативен објект на локалитетот Стоби. И него го красат прекрасни мозаици. Еден од нив кој треба да се доработи е мозаик откриен 2023-та, со претстава на богот Дионис. Теодосијанската палата го добива името по претпоставката дека императорот Теодосија Први престојувал во неа, при посетата на Стоби во 388 г. н. е.
Во овој период од годината се работи и на населбата од југозападниот дел на локалитетот. Тоа е резиденцијален и комерцијален кварт на осум илјади метри квадратни. Целта на ова истражување е да се испита животот на обичните Стобјани, наспроти богатите јавни градби.
Петар Печков
