Пазарот за бела техника во ЕУ на удар, Македонија мора да се прилагоди

02.09.2014 17:38

ЕУ со регулатива која се дозволува продажба на уредите за домаќинство со моќност само до 900 вати...

Повисоки цени ќе донесе забраната во Европската Унија за производство и продажба на моќните правосмукалки. За да се заштеди струја моќноста се ограничува, максимум 1600 вати. Новите мерки донесоа масовна продажба во земјите членки, залихите ке се трошат во државите што не се во Унијата.  И пазарот во Македонија ке мора да се прилагоди на регулативата. А од салоните за бела техника велат најбарани од потрошувачите се токму забранетите уреди.

„Понудата на овој тип на правосмукалки ќе се намали, па во таа насока очекувам дека ќе се движи и поабрувачката за истите. Едниствена разлика е дека новите енергетски ефикасни правосмукалки се очекува да имаат малку повисока цена од моемнталните“, вели Марија Ристевска, раководител на продажба во салон за бела техника.

На новите енергетско ефикасни уреди ќе мора да стои оценката за потрошувачка на електрична енергија и количеството прав што го ослободува. Од први септември ЕУ отвори нов фронт за заштеда на енергија.

„Сите земји од ЕУ се согласни дека енергетската ефикасност е најдобриот начин за намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на климатските услови, поради тоа мора да псотојат ограничувања за малите електрични апарати“, рече Гинтер Етингер, европски комесар за енергетика.

ЕУ најавува уште 30 тина уреди за домаќинство што ќе се најдат на листата со ограничеена волтажа на производство.

Сега на удар се правосмукалките, наскоро според европската регулатива ќе бидат феновите и косилките, но се очекува и други апарати за домаќинство да се најдат на оваа листа.

Огромна заштеда на енергија ќе се добие ако глобално се спроведе меѓу половина милион домаќинства и во Македонија.

„Многу е важно ние да ги следиме тие прописи во Република Македонија, бидејќи ни трошииме доста електрична енергија во апаратите за домаќинството. Особено на места каде што нема потреба, на пример за греење на домовите“, вели професор Ристо Цицонков.

Во следните четири години се очекува обрачот се повеќе да се стегнува, дзволената моќноста на сите уреди за домаќинство на пазарот да се намали на само 900 вати.

Сузана Фиданска Стоевска