ФЗОМ

Одбележани 25 години од основањето на Фондот за здравствено осигурување

14.11.2025 17:06

25 години се развивал Фондот за здравствено осигурување воведувајќи современи практики за здравствена заштита, но и честопати недоверба кај пациенти. Најмногу пари се издвојуваат за лекови за онколошките пациенти, а побрза е постапката и за упатување на пациенти на лекување во странство, сумираше директорот Клековски на одбележувањето 25 години од основањето...

25 години се развивал Фондот за здравствено осигурување воведувајќи современи практики за здравствена заштита, но и честопати недоверба кај пациенти коишто чекаат на современи лекови на позитивна листа или лекување во странство.

Над 1,8 милиони корисници на здравствено осигурување, од кои 1,2 милиони се граѓани кои придонесуваат во Фондот. Најмногу пари се издвојуваат за лекови за онколошките пациенти, а побрза е постапката и за упатување на пациенти на лекување во странство, сумираше директорот Клековски.

ФЗО почнал со скромни 13 милијарди денари, а оваа година достигнал до 52 милијарди денари или речиси една милијарда евра, што е фонд како во средноразвиените држави. Премиерот Мицкоски најави и справување со корупцијата како неопходна реформа.

Иден план е регионализација на здравството за Скопје да не биде најголемиот центар за здравствена заштита, модернизација и изградба на болници во други градови.

Ирина Гелевска