ССМ бараат зголемување на минималната плата на 600 или 700 евра
Сојузот на синдикатите на Македонија бара минималната плата да се зголеми интервентно до крајот на годинава на 600 или 700 евра, повикувајќи се на анкета направена со дел од вработените лица во земјава...

Сојузот на синдикатите на Македонија бара минималната плата да се зголеми интервентно до крајот на годинава на 600 или 700 евра, повикувајќи се на анкета направена со дел од вработените лица во земјава. Во анкетата направена месецов, учествувале 1.613 испитаници.
45, 2% од нив сметаат дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, а 42% дека таа треба да изнесува 700 €.
12, 8% пак сметаат дека платата треба да изнесува 500 евра. Испитаниците, речиси едногласно, се изјасниле дека зголемувањето треба да биде до крајот на годинава, а во спротивно, половина од нив се подготвени да штрајкуваат.
