ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч околу партиските реформи
За СДСМ резултатите од изборите покажувале консолидација на партијата и постапно враќање на победничките патеки. Од ВМРО-ДПМНЕ пак постојано апелираат лидерот на СДСМ, Филипче да си поднесе оставка, за да почнат реформите во СДСМ ...

Венко Филипче не го интересира напредокот на СДСМ, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Децидни се во ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ возвратија ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за големите скандали на власта што се случуваат во земјоделието и здравство, а помалку за состојбите во СДСМ. Треба да спроведат реформи во нивната партија, а да не делат совети каква треба да биде опозицијата.
По локалните избори владејачката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ остро се конфронтираат околу епилогот од изборите. За СДСМ резултатите покажувале консолидација на партијата и постапно враќање на победничките патеки.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак постојано апелираат лидерот на СДСМ, Филипче да си поднесе оставка, за да почнат реформите во СДСМ за да стане според нив сериозна опозиција на актуелната власт.
Игор Панов
