Социјала

Да не се кратат пари од буџетот, бараат лицата со попреченост

14.11.2025 15:26

Бараме само достоинствени услови за живот и да не бидеме „невидливи“ за институциите. Лицата со попреченост и нивните семејства побараа да не бидат кратени пари од буџетот, оти живеат со потешкотии...

Бараме само достоинствени услови за живот и да не бидеме „невидливи“ за институциите. Лицата со попреченост и нивните семејства побараа да не бидат кратени пари од буџетот, оти живеат со потешкотии. Се пожалија дека трошоците за живот им пораснале за 60 проценти, а со тоа и проблемите им станувале се поголеми.

Од Министерството за социјална политика велат дека конечните решенија зависат од буџетската рамка и меѓуресорските анализи.

„Во практика, износот на паричните права не се врзува директно за синдикалната кошничка, туку за законските решенија, фискалната рамка, социјалната политика, официјалните статистички податоци и анализи, како и проценките за степенот на потребната поддршка“, велат од министерството,

Луѓето со оштетен вид велат дека со поголема јавна свест, може многу да се направи во општеството.

За лицата со попреченост, бариерите можат да бидат почести и да имаат поголемо влијание.

Борис Грујоски