Временска прогноза

Сончево со температури до 19 степени

15.11.2025 10:17

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини, но, текот на денот, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец...

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини, но, текот на денот, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од – 3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.