Прилеп: Стратегија за бараните занаети на пазарот на трудот
Ниту вештачката интелигенција не може да им наштети на занаетите кои се бараат на пазарот на трудот и се високо профитабилни. Старите изумираат, се јавуваат нови, се бара стратегија за нивно субвенционирање. Но, образованието се соочува со проблем-нема заинтересираност...

Зоран Михајлоски е последниот ковач во Прилеп и во Регионот. Сега ги дотерува земјоделските орудија, ама сè помалку.
Ковачкиот, наланџискиот, лимарскиот, шнајдерскиот занает изумираат, времето бара поддршка на дефицитарните занимања. Во чаршијата и во стопанството.
Во образованието проблемот е голем зашто нема заинтересираност за занаетите, иако се профитабилни.
Од Занаетчиската комора бараат стратегија за субвенционирање, а новата листа на дејности од Министерството за економија и труд нуди нови занимања.
Потребен е сериозен пристап за занаетчиските барања на новото време.
Елизабета Митреска
