САД

Обвинителка Бонди ги прифати барањата на Трамп да се истражат врските на Епштајн со бројни познати личности

15.11.2025 11:00

Американската државна обвинителка Пам Бонди, ги прифати барањата на Трамп да се истражат врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници...

Американската државна обвинителка Пам Бонди, ги прифати барањата на Трамп да се истражат врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници. Бонди објави дека го назначува обвинителот од Менхетен, Џеј Клејтон да ја води истрагата.

Трамп не објасни, кои наводни злосторства сака Министерството за правда да ги истражи и ги обвини демократите дека се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопствените политички неуспеси користејќи го случајот Епштајн како средство за напад врз републиканците.