Трамп сепак ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , ќе бара пет милијарди долари оштета
Американскиот претседател потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис и покрај извинувањето. Трамп бара отштета помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари поради начинот на кој бил монтиран неговиот говор во документарецот „Панорама“...

Американскиот претседател потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис и покрај извинувањето. Трамп бара отштета помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари поради начинот на кој бил монтиран неговиот говор во документарецот „Панорама“. Би-Би-Си повторно е под силен притисок и во центарот на нов медиумски скандал, откако весникот „Телеграф“ објави уште една спорна монтажа на говорот на Трамп емитуван во „Њузнајт“, речиси две години пред спорниот документарец „Панорама“ кој ја предизвика најсериозната криза во историјата на британскиот сервис.
„Ќе ги тужиме за отштета помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари, веројатно следната недела. Мораме да го направиме тоа, тие дури и признаа дека измамиле. Ги сменија зборовите што ги кажав. Ми се јави британскиот премиер Кир Стармер, многу е засрамен. Велика Британија е многу, многу засрамена од Би-Би-Си и од она што го направија“, изјави Трамп.
