Во Битола акција за бесплатна правна помош
Исплеткани во лавиринти на правниот систем, граѓани не умеат да најдат решение на своите повеќедецениски проблеми. Пилот проектот за бесплатна правна помош уште на самиот почеток јави голем интерес кај граѓаните со надеж за остварување на нивните права...

Невзат и Асибе од Битола повеќе од петнаесет години живеат во брачна заедница невенчани. Исплеткани во лавиринтот на системот и без финансиска можност за развод од бившите партнери, изгубиле многу можности за достоинствен живот.
Благодарение на акцијата за бесплатна правна помош и многу други луѓе ќе дојдат до решавање на своите повеќедецениски проблеми.
Истражувањата укажуваат на тоа дека информираноста на граѓаните за бесплатна правна помош и што тој нуди со цел решавање на многу правни прашања е на многу ниско ниво.
Оваа пилот акција е за првпат во Македонија. Ќе трае до крајот на декември. Засега во Скопје, Битола и во Штип. Главен носител на иницијативата е мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ружица Ѓоршевска
