Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
Правилата предвидуваат, возилата до 3.500 килограми да имаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 милиметри, или, ако возат со летни гуми да носат синџири за снег...

Од денеска во возилата е задолжително да имате зимска опрема. Во спротивно, ви се заканува казна од 45 евра.
Правилата предвидуваат, возилата до 3.500 килограми да имаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 милиметри, или, ако возат со летни гуми да носат синџири за снег.
За возилата со погон на сите четири тркала, или за оние со над 3.500 килограми, длабочината на шарата треба да биде најмалку 6 милиметри.
Автобусите и товарните возила мора да носат и прирачен алат како лопата ако не можат да користат синџири. Обврската за зимска опрема завршува на 15-ти март.
